Првпат ја видел сопругата без шминка и веднаш побарал развод: „Ме измами“

Мажот кој својата сопруга за првпат ја видел без шминка кога тргнала на пливање, веднаш поднел барање за развод.

Како што пишуваат локалните медиуми од ОАЕ, парот тргнал на пливање, а кога човекот ја видел својата жена без шминка, се разочарал.

Тогаш сфатил дека таа не само што постојано носи многу шминка, туку дека има и козметички зафат, користи вештачки трепки, како и обоени контактни леќи.

Триесет годишниот арап по брза постапка се развел од шест години помладата сопруга, бидејќи како што навел во барањето, го измамила со својата вештачка убавина.

Доктор Абдул Азиз Асаф, психолог кој после разводот зборувал со невестата изјавил дека младоженецот одбил било каков контакт и помирување со поранешната сопруга

 
 
20.10.2016 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега