Нема среќа во љубовта: Богатиот вереник ја шутна Хурем

Мерјем Узерли, турската актерка која се прослави со улогата на Хурем во серијата Сулејман Величенствениот, ја раскина веридбата со милионерот Алп Озчан.

Мерјем го запозна Алп, инаку сопственик на компанија за изнајмување луксузни јахти, го запозна минатата година на една забава во Истанбул. Љубовта се роди, а турскиот богаташ веднаш ја прифати 2 годишната ќерка на Мерјем, Лара.

Озчан поради Хурем дури и се пресели од Турција во Берлин, каде живееа заедно во раскошна вила. Турските медиуми, пишуваат дека Хурем на почетокот на месецот ја раскинала врската која траеше 9 месеци, иако се шпекулираше дека наскоро планирале да застанат пред олтарот.

Турксата актерка баш нема среќа во љубовта. Узерли беше оставена и од минатиот вереник Кан Атеш недолго откако забремени и побегна од Турција со 20 милиони евра.

 
 
20.10.2016 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега