Оланд: Џихадистите од Мосул бегаат кон Рака

Францускиот претседател Франсоа Оланд предупреди денеска дека џихадистите од групата Исламска држава (ИД) од ирачкиот град Мосул веќе бегаат кон Рака, нивното упориште во соседна Сирија.

Оланд нагласи дека за тоа постојат докази и дека мора да се стори за да се спречи прегрупирање на џихадистите во Рака. 

- Не можеме да си дозволиме грешки и мораме да ги гониме терористите, кои веќе го напуштаат Мосул, рече Оланд, на видео конференцијата, која ја организираа Франција и Ирак. 

Конференцијата е посветена на иднината на Мосул, по покренувањето на офанзивата за ослободување на градот од контрола на ИД.

 
 
20.10.2016 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега