Хорор во Македонија: Се обидел да силува продавачка среде бел ден

Во 19 часот и 30 минути во Полицијата во Кичево, 39-годишната А.К. од Кичево пријавила дека истиот ден околу 10  часот, додека била на работа во продавница, непознат сторител извршил полов напад врз неа. Сторителот влегол во продавницата и побарал да купи јакна. Кога го услужила, лицето и се доближило и почнало да ја допира по градите. Таа за среќа успеала да го оттурне од себе и се упатила кон помошната просторија, но тој ја следел. Истата земала нож со намера да се одбрани, но тој не отстапувал од намерата. Во моментот кога се појавила другата вработена, почнал да се извинува, излегол од продавницата и заминал во непознат правец.

Во полицијата во Кичево било задржано едно лице од  Албанија, а се преземаат мерки за пронаоѓање на уште едно лице, исто така, од Албанија, за кое постојат основи на сомнение дека го извршило кривичното дело.

 

 
 
20.10.2016 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега