Канада бара работници и нуди големи плати: На листата има 21 работно место, еве кои се најбарани

Оваа програма им нуди на образованите луѓе работејќи во оваа провинција  покасно да аплицираат за останување во Канада, како и да добијат државјанство.

Многу луѓе размислуваат како на најлесен и проверен начин да одат во странство и да работат за голема плата. Канада одлучи да им пружи шанса на сите и на Фејсбук страната „Live in Canada“ објави дека провинцијата Saskatchewan бара работници за 21 работно место.

Оваа провинција во Канада од 4 октомври 2016 година прифати 500 нови апликации за имиграција преку прогамите кои бараат работници од одредени профили. 

Луѓето кои се пријавуваат не е потреба да имаат работа како би аплицирале. Меѓутоа мора да имаат искуствно во некои од работните места кои оваа провинција ги бара.

Моментално најбарани се следниве 21 професија: Математичари, компјутерски и менаџери на информациони системи, аналитичари на информациони системи и консултанти, фитес инструктори, метеоролози, електричари, авиомеханичари и други.

Ако се пронајдовте и сметате дека оваа вистинска шанса за вас јавете се на страницата Live in Canada.

 
 
20.10.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега