14 годишно девојче откри хорор: Очувот ја силувал 5 години, мајка и не и верувала

Полициски инспектори во Јагодина минатиот викенд го привеле 44 годишниот В.З. поради сомнение дека пет ја силувал ќерката на својата невенчана сопруга.

Во селото Боковац кај Јагодина полицајците после долга и темелна работа го уапсиле В.З. после пријавата дека пет години ја силувал 14 М.С.

Полицијата добила пријава дека В.З. ја силувал ќерката на  неговата невенчата сопруга, со нејзино одобровуање.

„Прв пат ја силувал кога имала само 9 години и после тоа не ја оставал на мир. Кога почнала да се спротиставува на неговите барања, почнал да и се заканува. Таа одлучила да и се пожали на својата мајка, но таа и кажала да не измислува, поради што била уверена дека мајката нема да се спротистави“, наведува извор близок до истрагата.

За кошмарот кој траел 5 години, девојчето проговорило неодамна, кога е покрената кампања против педофилијата и на жртвите јавно им бил упатен повик да пријават злоставување.

 
 
20.10.2016 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега