Светците кои се слават денеска: Никако не правете го ова!

Денеска е Св. маченици Сергиј и Вакх.

Овие двајца беа видни луѓе на дворот на Максимијан. Но, штом Максимијан дозна дека се христијани, својата наклонетост ја претвори во гнев, па ги испрати во Азија кај својот намесник Антиох, откако претходно ги облече во женски алишта и им стави железни огламници на вратот па така ги водеше по улиците на Рим. Овој пак, Антиох, беше пријател на Сергиј и на Вакх, но откако не успеа да ги одврати од христијанството, ги стави на маки и најпосле ги уби, прво Вакха, а потоа и Сергија. Така, овие две свети души го дадоа на царот царевото, а на Бога божјото и се преселија во вечниот живот околу 303 година.

Денеска се смета дека не треба да се ораат нивите, а се верува и дека ѕверовите стануваат питоми и кротки.

Овој ден е прва природна граница меѓу есента и зимата.

 
 
20.10.2016 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега