СИТЕЛ: Tеракотни икони од Виница на изложба во Велика Британија

Девет теракотни икони пронајдени на Виничкото кале ќе бидат дел од светската изложба на британскиот музеј „Ашмолијан“ кој работи во состав на Оксфордскиот Универзитет. Изложбата е насловена „Религиите во империите низ историјата“ и има за цел да го прикаже растот на големите религии, христијанството, будизмот, јудаизмот и хиндуизмот. По потпишувањето на меморандумот со Министеството за култура, програмскиот директор на музејот „Ашмолијан“, Пол Робертс го посети музејот „Теракота“ во Виница, со интенција изворно да се запознае со историјата и потеклото на овие оригинални примероци.

За мене е многу важно да ја посетам областа, да се запознаам со луѓето, да го набљудувам теренот, тврдината, а не само да ги видам во музејот.-изјави Пол Робертс, програмски директор на музејот „Ашмолијан“, Универзитет Оксфорд, Велика Британија

Теракотните икони најдени на виничкото кале претставуваат светски раритет во областа на ранохристијанската археологијата. Музејската поставка ќе биде отворена за јавноста од јанураи 2017 –та година и ќе трае една година, а за претставување на македонските експонати ќе биде задолжен Археолошкиот музеј на Македонија.

 
 
19.10.2016 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега