Нема постапки против медиуми во четвртиот извештаен циклус

Привремената Комисија за следење на медиумското претставување на денешната седница заклучи дека во четвртиот период на набљудување медиумите известувале на начин кој е во согласност со законот и не препорача поведување прекршочни постапки против ниту еден медиум.

- Мониторингот на медиумите во периодот од 2 до 11 октомври 2016 година покажа дека медиумите во делот на известувањето направија значителен напредок во квантитативниот и квалитативниот баланс. По разгледување на четвртиот десетдневен Извештај за извршен мониторинг на 18 програмски сервиси, Привремената комисија не даде ниту еден предлог за изрекување мерка, но им укажува на радиодифузерите особено да стават акцент на квалитативниот баланс при известувањето. Комисијата изразува задоволство што во овој извештаен период, генерално се почитува членот 75-б од Изборниот законик, односно известувањето за државните органи не е во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект и ги охрабрува радиодифузерите во иднина да продолжат во оваа насока, пишува во заедничкото соопштение на петчлената Комисија.

Ова е втор извештаен период во кој Комисијата не препорача покренување прекршочни постапки, додека во два периода имаше предлози за постапки против вкупно три телевизии.

 
 
19.10.2016 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа