Министерство за транспорт и врски: СДСМ имаа можност да градат пруги и да купат возови, но парите си ги ставаа во џеб

СДСМ имаа можност да градат железнички пруги или да купат нови возови колку што сакаа претходно, но наместо тоа, тие избраа парите наменети за изградба на пругите да ги стават во партиските џебови, реагираат од Министерство за транспорт и врски.

Во продолжение следува интегрален текст од нивната реакција

Железничката инфраструктура во Скопје е дизајнирана да ги задоволува потребите на граѓаните, моментално се опфатени сите населени места каде има реална потреба од железнички превоз. Затоа СДСМ да не прави илузорни најави за линии кои во моментов се опслужуват и ги поврзуваат сите населени места за кои господинот Бочварски говори.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е силно посветена на подобрување на железничкиот сообраќај. За таа цел набавени се шест нови возови со кои се обнови 60 отсто од возниот парк во МЖ Транспорт, инвестиција од 25 милиони евра.

Во тек е набавка на 3 нови локомотиви, а дополнително се планира да се обнови возниот парк со нови возови што значи дека инвестициите во железничкиот транспорт за сега даваат конкретни резултати во насока на подобрување на железничкиот превоз.

Останува праксата на СДСМ да копира или да најавува проекти кои оваа Влада веќе ги реализира.

 
 
19.10.2016 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега