Драма во Аеродром: Не сакала да гледа ТВ па сопругот брутално ја претепал

Не сакала да гледа телевизија со него, па ја претепал. Во 21 часот во полицијата во Аеродром 43-годишната Л.Л. од Скопје пријавила дека кратко пред пријавувањето, во куќата во која живеела со сопругот со кој започнала постапка за развод, била претепана.

Кога дошол 46-годишниот И.Л. во дневната соба за да гледа телевизија, сопругата му рекла дека е уморна и дека ќе си оди во друга соба. Тој се разбеснил, ја фатил за коса,  и и удирал боксови и шлаканици. Потоа, ја турнал на подот и продолжил брутално да ја тепа.

Жената успеала некако да избега од канџите на насилникот и да излезе надвор за да побара помош. Тој излегол по неа и со рака и ја притиснал устата за да ја спречи да вика. Во тој момент дошол нивниот син и го отурнал од неа. И.И. влегол во домот и излегол со палка во раката, но кога забележал дека го гледаат соседите, ја фрлил палката во дворот и влегол во куќата.

На жената во ГОБ„8-ми Септември“ и биле констатирани телесни повреди. 

Се превземаат мерки за расчистување на настанот. Насилникот бил повикан на разговор во полиција.

 
 
19.10.2016 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега