ТРАГЕДИЈА: Жена изгоре во пожар во кочанско

Вистински хорор се одвивал вчера во селото Долни Подлог во кочанско, кога во 14 часот и 30 минути од засега непознати причини настанал пожар во плевната на 85-годишниот Д.С. Според податоците од полицијата, во помошната просторија пронајдена била почината неговата сопруга, 84-годишната Љ.С.

Сопругот обидувајќи се да ја спаси сопругата се здобил со изгореници во пределот на лицето и телото и бил итно пренесен во Медицинскиот Центар Кочани каде бил задржан на лекување. Пожарот бил изгаснат од екипа на противпожарната единица.

Увид на местото на настанот извршиле Јацвен обвинител и полицијата.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
19.10.2016 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега