УЈП обука: Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање на движен и недвижен имот под закуп

УЈП ги информира граѓаните дека од 25 октомври 2016 година отпочнува со реализација на едукативни програми наменети за граѓани, на тема: „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот“.  
Со обуките кои ќе се спроведуваат во период од еден месец,  се предвидени 46 работни средби со граѓаните од 36 општини низ Републиката. Првите работни средби ќе се реализираат во општините Куманово, Градско и Богданци.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се пријават и да ги посетат обуките. На еднодневното советување, посетителите ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности... 
За 
регистрација и учество на обуките, потребно е само да се пријавите на наведеното контакт лице (види Распоред на обуки http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/158), најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок!.

Обуките се спроведуваат во рамките на Планот за управување со усогласеност на УЈП со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, а со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски.

 
 
19.10.2016 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега