Владата со проект за подобрување на безбедносниот систем во Македонија

Премиерот за одржување на изборите Емил Димитриев денеска одржа работен состанок со раководниот тим на Министерството за внатрешни работи, на кој се разгледуваше реализацијата на реформите кои што се предвидени во планот за итни реформски приоритети на Владата.

Направени се сите подготовки и се отпочнува со реализација на национален проект „Консолидација на безбедносниот систем во Република Македонија“, информира по состанокот Димитриев.

-Заклучивме дека потребно е да имаме еден комплементарен и координиран пристап кој што ќе биде дел од тој национален проект. Реформите во областа на безбедноста опфаќаат многубројни институции, владини и невладини, собраниски комиси и сметаме дека е неопходно да имаме еден покоординиран пристап во реализација на истите. Поканивме и странска експертиза и присутни се експерти од оваа област од ЕУ кои што постојано ќе бидат во присуство и во соработка со нашите групи од МВР и од останатите институции, подвлече Димитриев.

Координатор на проектот е Митко Чавков и во моментов се спроведува фазата на анализа на состојбите во Македонија  од аспект на финансиска состојба, човечки ресурси компарација с останати држави членки на ЕУ и НАТО.

-Очекувам дека првата фаза ќе заврши до месец декември и дека по одржувањето на изборите ќе следи фазата на разгледување на предлог мерките и реченија за уредување на оваа сфера, подвлече Димитриев.

Постои силен консензус помеѓу сите политички партии, институции за овие реформи се реализираат соодветно, со оглед на тоа што оваа сфера е најзначајна по однос на извештајот на Прибе.

-Правиме систем кој што треба да функционира независно од тоа кои лица управуваат со овие институции. Дискусиите кои што ги имав со претставниците на МВР укажуваат дека до сега од осамостојувањето на Македонија немало ваков пристап за разгледување на состојбата во безбедносниот сектор и за нудење на идни решенија и начин како да биде организиран истиот, подвлече Димитриев.

Се очекува по спроведување на проектот Македонија да има поорганизиран безбедносен сектор како и повитални институции кои согласно новите предзвици ќе можат на многу подобар начин да одговорат и да се справуваат со предизвиците. Се предвидува дека за најмногу една година треба да се заврши со комплетно преструктуирање на службите во областа на безбедноста.

 
 
18.10.2016 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега