ВМРО-ДПМНЕ го готви тимот кој ќе донесе 63 пратенички места

 

На првиот ден од распишувањето на изборите, во јавноста веќе се појавија информации за можните носители на листите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за истите политичари кои ВМРО-ДПМНЕ ги постави на листите за изборите кои беа закажани за 5 јуни а потоа одложени.
Така, во првата изборна единица, носител на листа би требало да биде лидерот на партијата Никола Груевски. Втората изборна единица би била резервирана за Никола Попоски, тројката за Илија Димовски, а четворката за Никола Тодоров. Во петка стандардно Антонио Милошоски, а во шестката Влатко Ѓорчев.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека листите се уште не се комплетирани и дека се врши внатрепартиска анализа, по која, партијата навремено ќе ги објави своите кандидати за пратеници.

„Изборните листи на ВМРО за декемвриските избори ќе бидат составени во законски предвидените рокови. Во моментов се уште се во тек внатрепартиски анализи и согледувања со цел најдобрите кандидати да ја побараат поддршката од граѓаните како би можел да се достигне оптималниот резултат, односно освојување на 63 пратенички места.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

На последниот масовен собир на партијата лидерот Груевски ја побара поддршката од граѓани за 63 пратенички места за да нема уцени. Најави жестоко темпо и интензивна кампања со која партијата ќе се обиде да допре до секој граѓанин.

 
 
18.10.2016 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега