Македонска крвава веселба: Мислел дека пиштолот е празен па направил хаос

37-годишниот Н.Ш.  од Гостивар пукал на семејна веселба, па направил хаос. Тој околу 22 часот и  20 минути во селото Форино, во дворното место од семејна куќа сопственост на 43-годишниот Н.М.  каде се одржувала семејна веселба, испукал неколку куршуми во воздух од  пиштол марка „ГЛОК“ калибар 9мм, кој го поседувал со дозвола. Веднаш потоа, мислејќи дека е празен пиштолот, со цевка свртена надоле кон земјата испукал и петти куршум кој удрил во бекатонот, се одбил и го погодил 38-годишниот Н.Б. кој се здобил со прострелна рана во пределот на десната потколеница.

Повредениот бил пренесен во Мединцински центар Гостивар, а потоа префрлен во Клинички Центар Скопје.

 
 
18.10.2016 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега