Драма се одвивала синоќа кај „Сити Мол"

Насилници приредија вистинска драма кај Сити Мол за младо момче од Скопје. Според податоците од макеоднската полиција, 19-годишниот Д.Б. од Скопје пријавил дека во 22 часот и 25 минути додека се возел во својот  „Форд Ескорд“ со скопски регистарски ознаки, неколку непознати лица се обиделе да го нападнат.

Додека го управувал возилото, во кое на задното седиште како сопатник била 18-годишната Н.Н. од населбата Нерези,  забележал како позади него се движи возило „Форд Ескорд“ со тетовски регистарски ознаки од кое му биле давани светлосни сигнали. Кога пристигнал во близина на Сити Мол, бил престигнат од наведеното возило кое му го блокирало патот. Од возилото излегле неколку непознати лица. Возачот, држејќи нож во раката, се обидел да ја отвори возачката врата, додека пак друго лице, држејќи дрвена палка во рацете, се обидел да ги отвори останатите врати од возилото на Д.Б.

Во еден момент скопјанецот успеал да избега.

Полицијата работи на случајот.

 
 
18.10.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега