Крваво заврши полициската акција - 1 лице се самоуби додека 2 се уапсени

По 11 часовна драма во Белград, припадниците на полицијата ги уапсиле А.Б. и С.М. додека Душан наводно извршил самоубиство.

Вчера околу 18 часот од полицијата беа уапсени двајцата разбојници и беа ставени во автомобилот.

Да потсетиме, маскирани разбојници вчера околу 8 часот утрото, во менувачницата го претепале работникот и земале околу милион динари.

Одма по полициската дојава разбојниците избегале во зграда во близина на Трговачка улица каде и се забарикадирале.

Полициската акција во која припадниците на полицијата во потрага по осомничените траела цели 11 часа.

 

 

 

 

 
 
18.10.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега