Избори 2016: ВМРО-ДПМНЕ со 63 мандати - СДСМ 35 пратенички места
Симулацијата на анкетата на институтот Димитрија Чуповски покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на изборите во декември ќе освојат 63 мандати.
Се очекува во законодавниот дом да влезат и БЕСА и Движењето за реформи на Зијадин Села.
Според пресметката, СДСМ ќе освои 35 пратенички мандати.
ДУИ значително ќе го загуби влијанието и ќе освои 13 места во Собранието, а ДПА, 6.
Треба да се има предвид дека симулацијата е направена според Донтовиот модел, но пресметките се правени како Македонија да е една изборна единица, без никаков цензус.
Се очекува мала промена во бројките, особено кај партиите кои имаат помал број гласачи кога би се правела симулација по изборни единици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа