Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува на било каков начин да фрли дамка на изборите
Станува смешно како СДСМ од партија која што со години наназад бега од избори сега сака да се претстави како партија која што бара избори. Целокупната македонска јавност виде и знае како СДСМ измислуваше најапсурдни образложенија за да не излезе на избори, реагираат од пратеничката група на владејачката партија.
-Истото се случува и сега. СДСМ се обидува на било каков начин да фрли дамка на изборите кои што треба да се одржат на 11 декември оваа година, иако и самите се свесни дека сите услови за организирање на избори се исполнети. Во вода им паднаа сите манипулации кои што ги правеа за фантомските гласачи па сега кога се во безизлезна ситуација пробуваат повторно да манипулираат со јавноста и да претстават дека ВМРО-ДПМНЕ бега од избори и покрај тоа што македонскиот народ знае дека ако се прашуваше ВМРО-ДПМНЕ изборите сега ќе беа завршени и Република Македонија ќе беше на пат на излегување од оваа наметната политичка криза. Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ им порачуваме на колегите од СДСМ дека повторно ја лажат македонската јавноста и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе гласаат за распуштање на Собранието на Република Македонија, стои во нивното соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа