Доста ви е од компири, месо и макарони? - овој ручек е фантазија
Ако се мислите што да подготвите за ручек и ако ви здосади од компири, месо, тестенини или пити, тогаш имаме решение за вас. Од карфиол и шунка може да се направи брз и многу вкусен ручек. Патем и еден совет, карфиолот никогаш не треба да го држите на светлина и сонце зошто брзо го губи вкусот.
СОСТОЈКИ:
- 1 карфиол
- 150 гр шунка
- 100 гр кашкавал
- 180 гр кисела павлака
- сол
- Карфиолот се мие убаво, па се кине на помали делови. Се обарува во посолена вода околу десетина минути. Важно е водата добро да ја посолите, бидејќи од тоа зависи дали карфиолот потоа ќе биде вкусен.
- Ставете малку путер во сад да се пропржи со шунката, па на крај додајте ја и киселата павлака.
- Ставете го карфиолот во огноотпорен сад, ставете врз него од шунката, па од кашкавалот, и повторете ја постапката додека имате фил.
- Печете во рерна на 200 степени неколку минути додека не се растопи кашкавалот.
- Пријатно јадење!
17.10.2016 - 12:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа