Украдени 9.500 евра од куќа во Битола

Во СВР Битола вчера во 15  часот битолчанецот М.Б. (62) пријавил дека викендов во точно неутврдено време, во куќата на 64-годишниот В.Б. која моментално се наоѓа во Австрија, непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно отворил еден од прозорците, влегол внатре, и по извршено пребарување, одзел телевизор, лап-топ компјутер, златен накит и 9.500 евра, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
17.10.2016 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега