СДСМ во паника - народот дојде по своето

 

Вистинска паника владее во опозициските редови откако вчера, на СДСМ му се случи народ, сметаат до владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера на СДСМ му се случи народ. Ја видоа пораката и затоа расне паниката. На граѓаните им е преку глава од кризи и деструкција. Сакаат конечно државата да се посвети на реалните проблеми. Сакаат отворање на нови работни места, нови фабрики, инвестиции во инфраструктурата, во образованието во здравството.

                СДСМ ја виде вчерашната порака од народот. Време е за излез од кризата. Затоа веќе не може да го сокријат стравот. Народот е тој што ќе избере меѓу најобемната програма и конкретни проекти што ги нуди ВМРО и лагите и манипулациите на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

                Се ближи 11-ти декември, а тогаш на денот на изборите, на СДСМ ќе му се случи уште поголем народ. На СДСМ ќе му се случи референдум со кој граѓаните масовно ќе ги казнат за двете години конфликти, блокади и заложништво во кои ја држеа Македонија. Аболицираниот криминалец Зоран Заев е исплашен бидејќи поддршката од 63 пратеници кои ќе ги добие ВМРО ќе значи дефинитивен крај на неговата деструктивна политика и уривање на сите лаги со кои ги манипулираат неговите соработници дека без разлика што ќе изгуби, повторно ќе бил во Владата.

                Аирлија избори!“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ пак, вчерашниот собир на ВМРО-ДПМНЕ бил дебакл.

„Дебаклот во „Борис Трајковски“ сурово ги демантира лажните анкети на Павел Шатев и Димитрија Чуповски.

Дебаклот ги потврди стравовите на братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков дека време е за разделба со лускзузниот живот на грбот на сиромашните граѓани.

Дебаклот потврди дека време е за крај за газењето врз луѓе на братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков и дека веќе никој не им се плаши. Дури и најверните поданици веќе не им се плашат – сендвичите ги јадеа во „Скопје сити мол“ додека шефовите на фамилијата се потеа во „Борис Трајковски“ со говорите со очајнички ветувања во кои ни самите не веруваат.

Дебаклот потврди дека е време обвинетиот Никола Груевски и осомничениот Сашо Мијалков да се посветат на својата одбрана пред судовите за криминалното 10-годишно владеење.

Дебаклот потврди дека од слободата не делат само 50-тина дена и дека Македонија на 11 декември ќе слави голема победа.

Дебаклот потврди и дека обвинетиот Груевски ќе добие 63 пратеници, но на опозицијата, за да не може веќе да ја уценува Република Македонија.“ – велат од СДСМ.

И покрај обидите, опозицијата има вистински проблем да ја сокрие паниката во своите редови откако вчера, видоа дека на скопските улици излегоа околу 40.000 граѓани кои кажаа, гласно не на деструкцијата и црните сценарија велат експертите.
Според нив, по две години криза и силна деструкција, објавување на незаконски прислушувани материјали, на Бихаќка се свесни дека народот ќе ја изрече пресудата која ќе биде јасна и ќе го прати актуелното раководството во политичката историја.
Дека паниката во опозициските редови е на највисоко ниво говори и нарачката која вчера била испратена до медиумите, да се пишува за се што може на било каков начин да фрли дамка врз масовниот собир на ВМРО-ДПМНЕ и силните пораки кои ги испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Вистинска смета во новинарските кругови предизвика нарачката на СДСМ преку еден од соросовите медиуми, да се пишува за сендвичите кои присутните морале да ги плаќаат, бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ се плашеле од СЈО.
Колкава е паниката говорат и пораките на социјалните мрежи.

„НЕМА ПРОСТОР за ПАНИКА! Смирете се. ДПМНЕ и криминалците не победуваат. Напротив, губат. Губат 10:0 во моментов.

Ќе прашате од каде волкав оптимизам?

Па погледнете малку околу вас. Никој веќе не им се плаши. Пропагандата не им поминува никаде. Да ве потсетам на ова со ролетните? Сите три фази од нивната кампања беа срозени и свртени против нив. Секој нивен обид за позитивна кампања е уништен со било која од „бомбите“. Секој нивен обид да се сретнат со високи дипломати завршува со тресната врата во лице. Во зборовите на Хилари Клинтон: „I have no advantage in meeting with Gruevski“.

Едвај успеваат неколку илјадна публика да соберат на настан, не се појавуваат меѓу граѓаните и страв им е.

СЕ ПЛАШАТ ОД НАС“ – напишал извесен Демијан Хаџи-Ангелковски под фотографија на која може да се види исплашен лик на протестите на СДСМ и СОРОС во маица со натпис СЈО.

 
 
17.10.2016 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа