Тешка кражба во скопско Волково

Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа сопственост на А.Ј.(37), во с. Волково при што одзел пиштол „aркус 98 дац“ и рамка со осум куршуми, кој го поседувал со дозвола, 25 куршуми за истиот пиштол, таблет „вивакс“, пар обетки, ланче „сваровски“ и златен накит. 

Како што соопшти МВР, во кражбата која е извршена на 14 октомври, сторителот со насилно отворање на прозорецот влегол во куќата, извршил пребарување и откако ги одзел предметите го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, како и целосно расчистување на кривичното дело.

 
 
16.10.2016 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега