Земјотрес од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди регионот на грчко-албанската граница, соопшти Американскиот геофизички институт, јави ТАСС.

Потресот беше регистриран во 20.14 часот, наведува Институтот.

Грчкиот геодинамички институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 25 километри северозападно од градот Јанина и на 215 километри југозападно од Солун, а жариштето било на длабочина од 21 километар..

Институтот наведе дека засега нема информации дека земјотресот предизвикал штета или дека има повредени луѓе, јавуваат британските медиуми

 
 
16.10.2016 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега