Затуроска: Ги отворивме вратите за сите граѓани

На панел дискусијата на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Стоиме на располагање на народот“, говореа пратениците за теми и области од секојдневието на граѓаните, функционирањето на Собранието на Република Македонија и задолженијата на пратениците во Собранието на Република Македонија. Во својата дискусија пратеничката Лилјана Затуроска говореше за отвореноста кон граѓаните и менаџирањето на нивните потреби, како и за функционирањето на пратеничките канцеларии.

zaturoska

-Што значи пратеничката функција и со кои предизвици пратениците се соочуваат во овој мандат и како опстануваат. Вие го гледате најмалото она што значи активност на еден пратеник, она другото што не го гледате е останатата 90 отсто од работењето на секој еден пратеник. Тоа е еден спектар на активности, спектар на многубројни средби со граѓаните, кои што пратениците во континуитет ги остваруваат се со цел да придонесат во остарувањето на работата во Собранието.

Имаме повеќе од 69 пратенички канцеларии што значи дека таму каде што има пратеник, има пратеничка канцеларија , но цела територија, сите населени места во нашата земја се опфатени со пратеници. Што значи граѓаните своите идеи, своите сугестии слободно можат да ги пренесуваат на пратениците.

-Пратеничките канцеларии се една моќна алатка, лобирање и застапување на граѓаните, тоа значи да му се овозможи на граѓанинот да учествува директно во политичките процеси кои што се случуваат директно во Собранието на Република Македонија. Тоа значи да му се даде на граѓанинот она што го бара и директно да учествуваат во донесувањето на одлуките, на законите кои што фактички ги креираат и ги бараат самите граѓани. Тоа е основната функција на пратеничката канцеларија, рече Затуроска.

Таа нагласи дека првиот принцип непристрасноста, затоа што граѓаните немаа можност своите проблеми и идеи да ги достават на правото место.

-И тогаш ги отворивме вратите за секој еден граѓанин без разлика од која политичка партија доаѓа и без разлика на која верска припадност или етникум му припаѓаат. Вториот принцип е објективноста, граѓаните кога бараат нешто од нас бараат фидбек, макар тоа било негативен, но бараат тоа да биде објективно направено реално. И да им се каже оваа работа може да се заврши и оваа работа не може да се заврши, рече пратеничката Затуроска.

 
 
15.10.2016 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега