Тодоров: Имаме здравствен систем кој постајно се развива и инвестира во секоја столб на системот (ВИДЕО)

Цел на оваа панел дискусија е дека имаме здравствен систем во кој постојано се инвестира и се развива целиот систем на јавното здравство. Кога граѓаните зборуваат за јавното здравство треба да гледаат со оптимизам за она што е направено од минатото до денес, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

-Сакам да направиме паралела дали во минатото можеше да се дојде во точно време без воведување на мој термин? Дали имаше едукација на докторите во странство? До денес имаме вкупно 2.500 лекари кои отишле на обукаво странство. Дали се реновираше клиниката во козле? Дали се реновираше детската клиника? Дали имаше ангео сали во Mакедонија? Секако одговорот на сите овие прашања е не. Ако се вратиме во 2005 година ќе видиме дека се чекало од шест до осум месеци за преглед на интервентна кардиологија, сега тоа ни од далеку не е така и го нема. Се сеќавам кога пред седум и осум години се чекаше и до една година за преглед на зрачна тарапија, а денеска чекањето на истата оваа услуга е само три дена, потенцираше Тодоров.

Тука има разлика и затоа ве молам на крај тоа сакам да го констатирам не е идеално здраввството, но гледајте го здравството низ призма како било во минатото и какво е сега.

 
 
15.10.2016 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега