Нов напад во светот, загинаа голем број лица

Најмалку 31 лице погина, а повеќе од 65 се ранети кога  бомбаш самоубиец денеска детонираше експлозивна напарва, со која бил замотан меѓу огромна група шиитски муслимани во ирачката престолнина Багдад, соопшти локалната полиција.

Експлозијата била активирана во шатор полн со луѓе, кои учествувале во шиитските ритуали од празникот Ашура, што претставуваат оплакување на убиството на Хусеин, внукот на пророкот Мухамед, од VII век, пренесуваат британските медиуми.

Медиумите навеудваат дека шаторот бил отворен на пазар преполн со луѓе во багдадскиот северен кварт Ал Шааб.

 
 
15.10.2016 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа