Арсовска-Томовска: Ќе го воведеме широкопојасниот интернет како универзална услуга

Со воведувањето на либерализација на телекомпазарот во Р.Македонија  во 2006 година почнаа да се појавуваат повеќе интернет операторите на пазарот со што интернетот стана подостапен за граѓаните. Ако во 2006 имавме само 20% покриеност со интернет денеска во Македонија 70% од населението користи интернет што не прави лидери не само во регионот туку и пошироко, истакна министерка за информатичко општество и администрација  Марта Арсовска Томовска на панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

-Прво нешто што направивме беше либерализација на пазарот, бидејќи само една компанија беше на пазарот . После се заложивме за промоција на интернетот за да денеска веќе имаме и постари луѓе кои користат интернет. За целиот овој период имавме план да ја направиме информатиката атрактивна професија во Македонија.  Некаде во 2008, 2009 година започнавме со проектот компјутер за секое дете, беа набавени компјутери за секое дете во основните и средните училишта . Со текот на времето се воведуваа образовни содржини базирани на интернет , се воведоа задолжителни часови по информатика во средно образование, отворивме цел Универзитет по информатика, работиме на кампања за важноста на техничките науки  ги мотивираме младите, рече Арсовска-Томовска.

Таа посочи дека на Македонија и требаат информатичари кои ќе се бават со професијата на иднината.

-Сега планираме да го воведеме широкопојасниот интернет како универзална услуга,а тоа значи дека треба интернетот да биде достапен до секој. Државата ќе субвенционира да има интернет до секој човек во Македонија, до сите рурални средини, рече Арсовска Томовска.

Голема улога во промовирањето на интернетот и негово значење за луѓето одиграл и проектот за отворање на интернет клубови низ целата држава.

-Програмерите се дефицитарни во Македонија и во светот. Развојот на технологијата бара стручни луѓе. Во Македонија во 2006 година имало 400 ИТ компании за денеска таа бројка да достигне 1600. Ако тогаш имало 1600 информатичари денеска таа бројка изнесува 16000. Тоа е професија на иднината и за тоа правиме и системски промени. Нашата цел е до 2020 да го дуплираме бројот на инженери. Ние сме мала земја, но можеме да бидеме лидер во светски рамки, рече Арсова-Томовска.

 
 
14.10.2016 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега