Го прочитал дневникот на својата сопруга стјуардеса: Не само што се разведуват туку сака и да и го уништи животот

Сопругот на една стјуардеса од Холандија го пронашол дневникот на својата сопруга, кој сега пробува да го објави во јавност.

Дневникот наводно се наоѓал во нејзиниот компјутер, а на него се опишани сексуални искуства со голем број членови на екипажот, дел во авионот, дел по хотелите.

Повредениот сопруг пробува да го објави дневникот во јавност, но жената и авио компанијата пробуваат да го забранат тоа и ќе поднесат тужба во хаг.

Исто така, во приказната се вклучени и голем број адвокати на авио компанијата кои поднесуваат кривична пријава против сопругот, затоа што дневникот се смета за нешто приватно.

„Се ова го сфаќаме доста сериозно. Внатрешната истрага покажа дека сигурноста на нашите патници никогаш не била уништена. Нашите колеги сметаат дека тие мејлови се неприфатливи, затоа што ги нарушуваат нашите интереси“, се наведува во соопштението.

 
 
14.10.2016 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега