МИОА:Заштита на вработените од притисоци и уцени не се прави преку прес-конференции

 Министерството за информатичко општество и администрација во реакција на изјвата на дополнителниот заменик министер за информратичко општество и админситрација Александар Кирацовски, укажува дека заштита на вработените од притисоци и уцени не се прави преку прес конференции и ја користи оваа прилика да ги повика и охрабри сите кои поседуваат  какви било докази за ваквите тврдења, веднаш да ги проследат директно до јавното обвинителство, со оглед што истите се основ за кривична одговорност.

- Доколку сето она што денес го слушнавме од ФРОДЕМ и од дополнителниот заменик министер остане само на изјави по медиумите, без никакви конкретни активности за заштита на вработените, оправдано може да заклучиме дека тие веќе ја започнаа својата изборна кампања - со политички манипулации, вршење прикриен притисок и злоупотреба на вработените. Ги потсетуваме, непријавувањето на кривично дело, исто така повлекува кривична одговорност за прикривачот, стои во реакцијата од МИОА.

Во неа потсетуваат дека Законот за вработените во јавниот сектор во членот 38 јасно ја уредува забраната за политичко дејствување на работното место, учеството во изборни активности или други јавни настапи од таков вид во работно време, како и носење или истакнување на партиски симболи во работните простории.

Дополнително, се додава, во членот 10 од Кодексот е уредена политичката неутралност на административните службеници, во смисла дека службениците ги извршуваат работите политички неутрално, не смеат да го застапуваат и изразуваат своето политичко уверување и да вршат политички активности на работа и не смеат да ја поткопуваат довербата на граѓаните во администрацијата и во институциите од јавниот сектор. Непочитувањето на овие обврски е основ за дисциплинска одговорност на вработените.

 
 
14.10.2016 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега