Мизо: До крајот на годината очекуваме уште неколку нови странски инвестиции (ВИДЕО)

На крајот од ноември и декември иако се затвораат повеќе од буџетите на западните компании за лоцирање на нивните средства за идната година очекуваме уште од неколку компании со позитивни одлуки за инвестирање во Македонија изјави Виктор Мизо директор на ТИРЗ.

-Не можам да споделувам имиња бидејќи тие компании треба сами да ги кажат тие информации и да ги споделат со јавноста, но јас сум оптимист дека ќе продолжиме понатаму. На почетокот на оваа недела имавме три компании кои започнаа со работа и ги најавија инвестициите, така да се надевам дека во следните шест до осум недели ќе имаме дополнителни компании кои позитнивно ќе се одлучат за нас, потенцира Виктор Мизо директорот на ТИРЗ.

 
 
14.10.2016 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега