Доставени 120 барања за надоместување на дел од трошоците за печки на пелети

Во изминатите три дена, до архивата на Град Скопје се доставени 120 барања за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети.

Комисијата веќе почна да ги разгледува пристигнатите барања и во текот на наредната седмица ќе контактира со барателите, кои ги исполниле документациските услови, за да се утврди термин за увид на инсталираната печка.

Комисијата уште еднаш ги потсетува сите зинтересирани граѓани кои имаат намера да конкурираат за надоместување средства уредно да го пополнат образецот за барање во целост. Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје на следниот линк  http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=775.

Покрај пополнетиот образец заинтересираните граѓани треба да достават  и:

– Доказ за жителство во Град Скопје, со доставување фотокопија на личната карта на барателот со адресата на живеење (објектот каде што е лоцирана печката на пелети);

– Доказ во оригинал дека е извршено купување на печката на пелети,  и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка по денот на објавување на повикот.

Пријавувањето ќе продолжи и во текот на наредната седмица, при што заинтересираните своите  барања за искористување на правото за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Градот, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.

Градот Скопје, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 30.11.2016 година.

Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати пријави, се’ до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена, кој изнесува 5.890.000 денари.

 
 
14.10.2016 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега