Ѓорѓиевски: Младите стојат позади ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Груевски, тие ќе го дадат крајниот суд на 11-ти декември (ФОТО)

 

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Битола ги претстави мерките за млади кои изминатиот период беа промовирани од  лидерот на партијата Никола Груевски. На трибината беа промовирани над 40 проекти и мерки и на истата беа присутни млади од Битола, Ресен, Могила и Новаци.

Свое обраќање на трибината имаше потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски каде што ја потенцираше важноста од одржувањето на вакви трибини. Тој напомена дека голем дел од проектите кои беа промовирани се предложени токму на вакви трибини кои се одржуваа изминатата година  во секоја општина низ Македонија.

ums-bitola-1

– Ова вечерва е показател дека младите во Република Македонија стојат позади ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски. Вечерва е повеќе од јасно дека младите ќе го дадат крајниот суд на 11-ти декември, истакна Ѓорѓиевски.

ums-bitola-3

Други говорници на оваа трибина беа и Ангела Тасева, Бојан Димовски и Николина Дамчевска, кои што говореа за студентскиот стандард, мерките во однос на спортот и мерките за култура.

ums-bitola-5

 
 
13.10.2016 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега