СИТЕЛ: Чешка останува сериозен партнер на Македонија на патот кон НАТО и ЕУ

Чешка останува сериозен партнер на Република Македонија на патот кон влез во НАТО и Европската унија. Чешкиот министер за одбрана Стропницки ги потврди стремежите на неговата држава Македонија што поскоро да стане дел од Европските институции. Средбата со неговиот македонски колега ја искористил и за разговор за безбедносната состојба во регионот и важноста на Македонија за оддржување на мирот.

Јолевски од другастрана ја подвлече одличната соработка меѓу двете држави и продлабочување на врските со цел уште попријателска комуникација меѓу Македонија и Чешка.

Според најавите чешкиот министер за одбрана во текот на утрешниот ден ќе ја посети Македонско-Грчката граница, и прифатниот пункт.

 
 
12.10.2016 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега