СДСМ поднесува иницијатива за распуштање на Собранието

Пратеничката група на СДСМ, денеска до Собранието ќе достави иницијатива за негово распуштање, со цел оддржување на изборите на 11 декември. Информацијата се очекува на прес-конференција напладне, да ја соопшти координаторот на пратеничката група, Горан Сугаревски.

Претходно, иницијатива за распуштање на законодавниот дом достави и пратеникот од Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов.

Иницијативите следат откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение ја повика опозицијата, да побара крај на мандатот за актуелниот пратенички состав.

- Поттикнати од вчерашниот собир во организација на СДСМ/Сорос, од нивната празна реторика која ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство на граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави крај на политичкото заложништво, конфликтите и деструктивноста, го повикуваме СДСМ уште денес да достави барање до Собранието на Република Македонија за негово распуштање. Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме Претседателот на Собранието г-дин Трајко Вељановски да ја стави таа точка на дневен ред за да биде разгледана и усвоена. Граѓаните сакаат конечно да заврши кризата во која што СДСМ ја втурна Македонија, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно законот последен рок за распуштање на Собранието е 27 октомври за да може а се испочитува 11 како датум за избори. Во понеделник 17 октомври е закажана пленарна седница на која пратениците ќе го разгледуваат предлогот за буџетот за 2017.

Согласно собранискиот деловник, седницата за буџетот не може да трае помалку од пет дена, што значи дека реална е можноста, собранието да се распушти идниот викенд.

 

 
 
12.10.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега