Лицемерно поигрување на СДСМ со националните интереси (ФОТО)

Двојазичната табла во Чаир, општинскиот комитет на СДСМ одлучи да ја отстрани по само неколку дена.

Откако скандалот се откри во јавноста, неколку дена по поставувањето на двојазичната табла на штабот на СДСМ во Чаир истата е отстранета.

Фотографија направена денескаФотографија направена денеска

Имено, како што дознаваме, членови на партијата од овој општински комитет изминативе денови почнале да ги враќаат членските книшки, но пресметките на раководството биле дека гласовите на Македонците ќе биле надоместени и натфрлени со гласовите на Албанците.

Одбележувањето на денешниот ден и слабиот одзив на Албанците од Чаир, придонело раководството на СДСМ лицемерно да си поигра со националните интереси и во последен момент да ја отстрани двојазичната табла за да ги привлече Македонците на маршот што го организира Зоран Заев.

caiФотографија од пред неколку дена

 
Останува нејасно како на ваквото поигрување од СДСМ ќе реагираат Албанците, но и конкретно Џеват Исени, новиот член на СДСМ кој пред камерите пред неколку дена ја објаснуваше причината зошто се зачленил во оваа партија:

-Горд сум што се зачленив во седиштето на СДСМ, која ќе функционира на двата јазици, за да му кажеме на народот дека албанскиот јазик ќе се употребува и во СДСМ“, изјави Исени за ТВ 21.

 
 
11.10.2016 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега