Струмичанка брутално претепана во својот дом

47-годишна жена од Струмица преживеала пекол. Се работи за С.Т. која во текот на вчерашниот ден пријавила дека околу 01 часот во стан на улицата „Мајка Тереза“, по претходна расправија со 42-годишниот В.В. тој  физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци по телото, нанесувајќи и повеќе повреди.

Жената била пренесена во Медицинскиот центар во Струмица каде и биле констатирани тешки телесни повреди, а поради сериозноста на повредите била препратена на Ургентен центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
10.10.2016 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега