Музичарот Маџиров и понатаму на апарати за дишење

Зоран Маџиров, македонскиот музичар кој доживеа страшна несреќа на патот Штип-Радовиш, сеуште е на апарати за дишење. 

Според податоците од полицијата, во 16 часот и 10 минути на магистралниот пат А-4 Штип – Радовиш на два километри после крстосница, во насока на движење кон Радовиш, се случила сообраќајна незгода при разминување на Влекач „Даф“ со кумановски регистарски ознаки и Приклучно Полуприколка „Шмитз“ управувано од 39-годишниот Н.А. од Куманово и возило „Мерцедес Е-220“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управувано од музичарот Маџиров од Струмица.

Во незгодата во коматозна состојба, со крварење во черепна регија и повеќе рани во главата, се здобил музичарот кој со возило на Итна помош бил пренесен во Медицинскиот Центар во Струмица, од каде како итен случај бил препратен во Клиниките во Скопје.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата.

Сообраќајот бил во прекин до 20 часот и 50  минути, а потоа е целосно нормализиран.

 
 
10.10.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега