ФОТО: Камион здроби автобуска во Ќерамидница - едно лице во болница

Возач на камион утрово удрил во автомобил во скопската населба Ќерамидница, и во автобуска постојка. Сообраќајката се случила утрово околу 10 часот на булеварот „Киро Глигоров“. Камион МАН најпрвин удрил во автомобил „пежо“, а потоа во автобуската постојка на која, за среќа, немало патници.

Возачот на автомобилот со тешки повреди бил итно однесен во болница.

Според неофицијални податоци, на возачот на камионот му се слошило, загубил контрола над возилото, и така дошло до несреќата.

ФОТО: Телеграф

 
 
10.10.2016 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега