ВИДЕО: Некогашниот Џејмс Бонд во проблеми поради контраверзна реклама

Актерот Пирс Броснан привлече негативно внимание од медиумите и своите фанови откако се појави во реклама за Пани Бахар, индиски произведувач, кој многумина го поврзуваат со вид тутун за џвакање.

Во рекламата, која трае малку подолго од една минута, 63-годишниот актер, најпознат по своите улоги на Џејмс Бонд, користи кутивче на Пан Бахар како оружје во стилот на агентот 007.

Пан Бахар во овој случај всушност е произведувач на популарен освежувач на здив. Сепак многумна го поврзуваат со силна мешавина на тутун и други состојки што го конзумираат милиони луѓе во Јужна Азија, што има и благи психотропни дејства.

Поради тоа што се смета за главен предизвикувач на ракот на уста во тој дел од светот, одделни индиски држави одлучија да ја забранат таа супстанца, проследено со соодветни кампањи како поттикнување за одвикнување.

 
 
10.10.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега