Силна експлозија одекна пред ноќен клуб во Малме

Силна експлозија одекнала ноќта кон понеделникот во објектот на ноќниот клуб „Babel“ во центарот на шведскиот град Малме, соопштија тамошните власти.

Експлозијата се случила во 2,30 часот по локално време, и во неа нема настрадани, пишува електронското издание на весникот Sydsvenskan.

„Станува збор за некој вид експлозија, којшто, како што изгледа, довел до големо оштетување на зданието. И, колку што засега ни е познато, нема настрадани лица“, изјавил за весникот дежурниот началник во градската полиција во Малме, Мартин Карлсон.

Експлозивната направа била поставена пред влезната врата, во време кога клубот веќе бил затворен. Од детонацијата, покрај влезот во клубот, биле искршени и сите прозорци на вториот кат од објектот. Експлозијата била толку гласна, што ги разбудила и жителите на соседните квартови, пишува весникот.

Полицијата засега нема приведени осомничени за инцидентот, а местото на експлозијата и утрото во понеделникот беше блокирано за пристап.

 
 
10.10.2016 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега