Обесен маж пронајден во Росоман

Педесет и шест годишен жител на Росоман е пронајден обесен вчера попладне околу 17 часот во помошна просторија од дом, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, станува збор за лицето Д.Ј. родено 1960 година.

Случајот бил пријавен во кавадаречката полиција вчера попладне во 17 часот и 15 минути.

По извршениот  увид од екипа од полициската станица од општа надлежност во Кавадарци и јавен обвинител од Велес телото било предадено на семејството. 

 
 
10.10.2016 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега