СКАНДАЛ: Дресот на Пике без националните обележја во Шпанија предизвика лавина од рекации

Фудбалските фанови речиси да не почекаа и веднаш го осудија фудбалерот на Шпанија Жерард Пике, дека намерно ги искинал шпанските обележја од националниот дрес пред почетокот на мечот со Албанија.

Шпанските медиуми изминатата ноќ речиси и да не „заспаа“ со обвинувањата на фудбалерот, поради самиот факт дека стоперот на Барселона е роден Каталонец, кој во неколку наврати го има поддржано отцепувањето на провинцијата од Шпанија.

Малку подоцна и  самиот фудбалер излезе и со свое видување за настанот, имено дресот со долги ракави за кои се одлучил тој на ракавите  не ги содржи обележјата на Шпанија како и линиите со црвената и жолтата боја.

pike

Факт е дека на вчерашниот меч со Албанија единствен фудбалер кој ги немаше обележјата на националната држава беше Пике, но сепак тоа е така бидејќи дресот со долги ракави не ги содржи националните обележја.

 

 
 
10.10.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега