Убиство: Баба Стојанка му го смачкала черепот на сопругот, мислела дека ја изневерува

Старицата Стојанка Станковиќ од Србија направила незапаметен злочин, кога буквално му ја смачка главата на сопругот, 83-годишниот Тројан Станковиќ, бидејќи мислела дека ја изневерува.

Стојанка го усмртила својот сопруг во семејната куќа, бидејќи како што пишува српскиот Ало, сметала дека е во тајна врска со помлада жена, на 40 годишна возраст. Исто така, бабата мислела дека жената е бремена од него.

Сосед на семејството вели дека жената го нападнала сопругот околу четири часот попладне, а откако тој истрчал за да помогне, таа му се заканила дека и него ќе го убие.

Парот има две ќерки и син. Заедно биле повеќе од 30 години.

 
 
10.10.2016 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега