Убиство во Крушево

Мртов маж со повреди на главата бил пронајден мртов во саботата пред семејната куќа во село Алдинци.

Случајот бил пријавен во крушевската полиција во 18.50 часот, по што полицајци излегле на местото на настанот каде извршиле увид. Медицинска екипа констатирала смрт кај педесет и двегодишниoт М.П. од село Алдинци.

За настанот известен бил јавен обвинител од ОЈО-Прилеп кој изврши увид на местото на настанот со увидна екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крушево.

Едно лице поврзано со убиството е приведено и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

 

 

 
 
10.10.2016 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега