Го мачеа поради вербата во Христа - Светецот кој се слави денеска

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 септември.

Денеска е Св. маченик Калистрат и 49-те негови другари.

Овој Калистрат беше од старата Картагина, што се наоѓала на африканскиот брег во денешен Тунис. Роден е во христијанско семејство и воспитан во Христовиот дух. Додека служел војска, некој од војниците го видел како станува ноќе и се моли на Бога, па го поткажал кај заповедникот како христијанин. Овој го затворил, а потоа, откако го изнамачил го фрлил в море. Но, Бог го заштитил и Калистрат излегол од водата неповреден. Гледајќи го неговото трпение при поднесувањето на маките, 49 негови другари ја примиле верата во Христа, заради што биле затворени со Калистрат. Ноќе, во време кога се вршат срамните дела, заповедникот пратил луѓе и ги погубил. Тоа се случило во 304 година. Подоцна, на тоа место, осветено од нивните мошти, била изградена црква.

 
 
10.10.2016 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега