Свечена академија во Собранието по повод 11 Октомври

 

По повод 75-годишнината од Денот на народното востание - 11 Октомври, денеска ќе се одржи Свечена академија под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

По завршување на академијата, како што соопштуваат од собраниската прес-служба, ќе следува свечено отворање на Големата сала во Собранието на Република Македонија.

На академијата и на свеченото отворање е поканет државниот врв, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието на Република Македонија, дипломатскиот кор, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и економскиот живот.

 
 
10.10.2016 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега