Пандов: Македонија се наоѓа под жестока негативна кампања на СДСМ, Сорос и СЈО

Целта е да ги објасниме штетните политики на СДСМ, Сорос и нивното вонбрачно дете СЈО. Сведоци сме дека подолг период Македонија се наоѓа под жестока негативна кампања на овие три субјекти и оттука чувствуваме потреба дека треба директно да се обратиме на граѓаните и да им ги појасниме политики кои тие ги водат, истакна Александар Пандов по денешната трибина на ГДОМ одржана во Свети Николе.

-Граѓаните едноставно ја препознаваат позитивната страна на политиката и негативатата страна на политиката. Секоја недела одиме во различни градови и таа пракса ќе ја продолжиме. Пораката е дека 2016-та година сме сега, Република Македонија и граѓаните кои живеат тука се политички писмени, треба да го искористиме најдемократскиот начин како да се спротивставиме на оваа негативна политика која ја водат СДСМ, Сорос и СЈО, а тоа е со пенкало во рака на 11 декември да излеземе масовно и да заокружиме за онаа политичка опција која мислиме дека носи просперитет, подобар живот и посреќни граѓани, објасни Пандов.

 
 
09.10.2016 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега