Познатата новинарка денес живее како бездомничка

Оваа несреќна жена порасна во семејство од средната класа. Живеела убаво и патувала секаде низ светот. Завршила факултет и одлично заработувала. Но животот и се распаднал...

Кога имам среќа, сонувам како повторно живеам во топол дом и на кратко се чувствувам опуштено како да сум в небо, ја почнува својата тажна приказна 66-годишната бездомничка од САД: Некогаш имала се, а сега живее на улица. Вели дека никогаш не помислувала дека на постари години ќе доживее тешка сиромаштија.

 

 

 

Ова е нејзината потресна исповед:

Околу 4.30 часот додека остатокот од светот се уште спие, се будам во мракот и заминувам. Спијам на местата кои имаат помалку стебла или на паркинзите од болниците и црквите. Сепак, постои ризик некој да ме види или да ме пронајде полиција. Среќна сум ако успеам да се опуштам и да отспијам 6 часа. Се чувствувам уморно, немам енергија, а нозете и рацете ми се отечени. Секое утро се чувствувам како да ме прегазил камион.

Тешко е кога немаш свој дом на 66 години. Никогаш не мислев дека по стари години ќе спијам во автомобил. Поголем дел од животот го поминав со покрив над глава, храна на маса и постојана работа како новинар и писател. Пораснав во семејство од средна класа во државата Њујорк. Имав можност убаво да живеам и да патувам сегде по светот, од Европа до Индија... Завршив и факултет.

Мојот живот почна да се распаѓа околу мојата 45. година. Се разведов, а три членови од моето семејство починаа. Изгубив се, а се разболев од фибромилагија. Стигна рецесијата.

Работев како писател, уредник, ПР менаџер, но добрите плати што ги добивав се намалуваат. Испратив стотини CV во обид да пронајдам постојана работа. Ја потрошив заштедата. Со 62 години заминав во предвремена пензија која ни блиску не е доволна за живот.

Потоа се вселив во некое евтионо станче. Имав и цимер за да бидат трошоците помали. Но тој човек беше алкохоличар и насилник. Толку беше грозно што морав да си отидам. Две години подоцна живеам во мојот автомобил и се обидувам да пронајдам дом зошто изнајмувањето на станови е многу скапо. Добивам бонови за храна за месец дена, но тие траат само една недела. Овој живот остава трага врз моето здравје. Во последните година дена во болница бев 13 пати. Имав и операција на рак на дојка.

Животот на безбедомник е многу осамен, луѓето доаѓаат и заминуваат. моето куче сега ми е најважно и секогаш е покрај мене. Тој е причина поради која се будам наутро и станувам.

Овој живот е постојана борба и преживување, гладување и очај. Понекогаш се будам и не сум сигурна дали ќе преживеам. Не можам веќе да живеам без работа, без пари и без свој дом.

Понекогаш ќе седнам на плажа, гледам во брановите и се обидувам да се присетам што е важно во животот и колку прекрасни луѓе има во светот. Се обидувам да се присетам на својот претходен живот и на се убаво што сум проживеала.

Кога имам среќа сонувам дека повторно живеам во топол дом и накратко се чувствувам опшутено како да сум на небото.

 
 
09.10.2016 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега